Протест за малиот Алмир – Јовевски не е реформа во судството

од desk2
133 прегледи

 

Граѓани денеска протестираат пред Владата во знак на револт поради преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Освен за преквалификација на делото, граѓаните реагираат и на тоа што возилото со кое беше прегазен Алмир, наместо да биде конфискувано, е вратено на семејството, кое, пак, лично обвинетиот Бобан Илиќ го ставил јавно на продажба по извршеното убиство. Граѓаните исто така побараа јавниот обвинител кој го води случајот, Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, да биде изземена од процесот.

Учесниците на протестот носат транспаренти „Нема правда, нема мир“, и „Каде ви е совеста македонско обвинителство“, како и детски играчки и детска облека. Со себе носат играчки, детска облека, како и транспаренти на кои пишува „Нема правда нема мир“, правдата е слепа, каде ви е совеста, отиде Зврлевски, дојде Јовевски, Заев реформи за сите, кога?

Малиот Алмир беше прегазен во 2016 година од возило кое го управувал Бобан Илиќ, откако претходно во кумановскиот Здравствен дом се скарал со родителите на детето.