Протест за одбрана на Косово и Метохија

од Radmila Tasevska
158 прегледи

Народниот собир за одбрана на Косово и Метохија вечерва почна на Андриќевиот венец пред зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на државата, а затворена за сообраќај е улицата Крал Милан од Лондон до Терази, пишува порталот Правда.

Средбата ја организираше Движењето за одбрана на Косово и Метохија, а меѓу присутните беа професорите Милош Ковиќ и Слободан Самарџиќ и претседателот на Двери Бошко Обрадовиќ.

Околу објектот е поставена ограда, а присутно е и обезбедувањето.

Единственото можно решение за Косово е во рамките на резолуцијата 1244 и најдобар начин е да се каже обединето, храбро и одлучно дека нема предавање и дека не се согласуваме со француско-германското решение, изјави Младен Обрадовиќ вечерва пред Движењето за одбрана на Косово и Метохија.

 

Слични содржини