Претставници на здружението „НО ПАСАРАН“, денеска на покана на пратеникот Павле Трајанов , точно напладне ќе влезат во Собранието на Република Македонија
На средбата ќе се разгледаат измените на Законот за енергетика , иницијатива која ја започна лидерот на Демократскиот Сојуз, со кој ќе се овозможи граѓаните кои не користат топлинска енергија за затоплување на становите да не плаќаат надомест. Со ова ДС сака да му излезе во пресрет на оваа граѓанско здружение кое веќе со месеци протестира и поажува силна упорност и активизам .