Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред седиштето на партијата го почна протестниот марш, организиран една година по приведувањето луѓе обвинети за собраниските инциденти од 27 април лани. Членовите на партијата предводени од раководството ќе го завршат протестот пред Владата каде ќе се обрати лидерот Христијан Мицкоски.

По седницата на Извршниот комитет минатата недела партијата најави дека во наредниот период ќе организира протести кои според Мицкоски „ќе почне национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење  на Зоран Заев, економското и националното разнебитување“.

Тој најави протести и во други градови низ Македонија.

Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното владеење на Заев.

Поради протестот, кој почна од плоштадот „ВМРО“, а ќе заврши пред зградата на Владата, е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.

Слични содржини