Протестен марш во сабота во Неготино за правда за Фросина

од Nikola Popovski
19 прегледи

В сабота во Неготино ќе се одржи протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“. Го организираат другарките на Фросина, а во повикот вели дека за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот, ќе биде обезбеден бесплатен превоз до Неготино и назад.

-Маршираме за да испратиме силна порака: ДОСТА Е СО ЖРТВИ НА УЛИЦИТЕ! Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи, стои во апелот.

Од маршот ќе се упатат повеќе барања како безбедни улици за сите, поголема свест за опасностите – строга контрола за возење под дејство на алкохол и наркотични супстанци, најстроги казни за сообраќајните насилници – без толеранција за оние што возат без дозвола, без соодветна обука или намерно ги загрозуваат животите на другите, одговорност од институциите – крај на заташкувањето на сообраќајните злосторства и правна правда за жртвите…

Досега во Скопје се одржаа два мирни протести при што се побара правда за Фросина и одговорност за ваквите кривични дела.

20-годишниот Васил Јованов со се уште неутврдена точна брзина, во алкохолизирана состојба удрил во 22-годишната Фросина Кулакова. Тој не поседувал возачка дозвола, а неговото полициско досие открива дека во минатото е сторител на неколку кривични дела. Недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир, насилство и сторител на повеќе сообраќајни прекршоци за што бил упатен во казнено поправен дом.

Слични содржини