Протести пред домот на Нетанјаху, се бара негова оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Демонстранти денеска пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим побара негова оставка.

Тие бараат оставка од Нетанјаху поради смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври врз Израел, при што загинаа 1.400 луѓе, од кои најголемиот број цивили.

По нападот Израел возврати и постојано напаѓа цели на Хамас во Појасот Газа.

Според палестинското министерство за здравство досега во израелските напади загинале 9.488 луѓе, од кои 3.900 се деца.

Слични содржини