Протести за поддршка на Навални, десетици уапсени (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Низ цела Русија започнаа протести за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални, а веќе се уапсени десетици демонстранти на кои претходно им беше кажано дека полицијата нема да им дозволи да демонстрираат.

Протестите започнаа утрово најпрво во Хабаровск, град во југоисточна Русија, каде демонстрантите бараат да се ослободи Алексеј Навални од затвор. Десетици демонстранти беа приведени во градот непосредно по почетокот на митинзите.

Маршевите се планирани во повеќе од 90 градови во Русија, и покрај фактот што полицијата ги прогласи протестите за незаконски и предупреди дека веднаш ќе бидат сузбиени, демонстрантите одлучија да продолжат со собирите.

Неколку стотици луѓе се собраа во Владивосток на Плоштадот на борците за советска моќ и скандираа „Промена“, „Слобода“. Безбедносните сили сè уште не презедоа никакви активности во овој град, но се очекува да се случи и тоа.

Корисниците на Твитер пишуваат дека започнале протести, покрај овие два града, исто така во Јакутск, Иркутск, Чита, Улан-Уде, Благовешченск, Јужен Сахалин, Комсомолск на Амур …

Планирани се собири во Москва, но се уште нема информации дали започнале.

Слични содржини