Протестите на опозицијата се за нивна внатрешна потреба, вели Манчевски

од Vladimir Zorba
143 прегледи

„Ние почнавме со една сериозна реформа, а тоа е одвојување на партијата од државата, и воведовме серија на ограничувања за избраните и именуваните функционери во однос на можноста за користење на службени возила, надоместоци за комисии итн. Кој што од 2016-та година беа воведени, значи ние ги објавуваме овие трошоци јавно, којшто се намалени 60 % од тоа што претходно било, зборувам за Извршната власт, изјави пратеникот на СДСМ Дамјан Манчевски во „Топ тема“.

Во однос на протестите на опозицијата, тој вели дека „се за нивна внатрешна потреба“.

„Раководството на ВМРО ДПМНЕ не дозволува да се одржи партиски Конгрес плашејќи се од одговорност“, смета екс министерот.