Противниците на Лукашенко се обединуваат: Планираат пасоши на „Нова Белорусија“

од Nikola Popovski
288 прегледи

Политичките противници на белорускиот претседател Александар Лукашенко во егзил се сретнаа вчера во Полска за да покажат единство и да испланираат заедничка стратегија, јавуваат агенциите.

Самопрогласената влада во егзил, основана од Светлана Тихановска во август 2022 година, отвори повеќе од 20 алтернативни амбасади и информативни центри во странство, пишуваат медиумите.

Опозицијата се состана во пресрет на тригодишнината од нивните неуспешни постизборни протести, а една од стратегиите е издавањето на пасоши на „Нова Белорусија“.

Тихановска, која побегна од земјата откако се кандидираше против Лукашенко на изборите во 2020 година, рече дека опозицијата ќе бара меѓународно признавање за алтернативните пасоши, пренесува „Н1“.

Говорејќи во хотел во Варшава пред неколку стотици активисти, вклучително и независни медиуми и граѓански групи, таа ги повика опозициските сили во странство да се обединат и да го поддржат создавањето на движењето „Нова Белорусија“.

За жал, изминатите три години не научија секогаш да се подготвуваме за најлошото. Навикнати сме на тоа дека најсилната желба не е доволна за да се промени гнилиот систем, рекла таа.

Слични содржини