Протокол за авто-школите: По секој одржан час, задолжителна дезинфекција на внатрешноста на возилото

од Берта Китинска
276 прегледи

Владата денеска ги објави протоколите за начинот на работа кои произлегуваат од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Протокол за работа на школите за обука на возачи

1. Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило
2. После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото
3. Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1.5м-2.0м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
4. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање
5. Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото.

Слични содржини