По неочекувано обилни дождови што го зафатија северот на Чиле, делови од пустината Атакама се претворија во цветен тепих.

На најсувото место на светот се појави феноменот на „расцветана пустина“ кој се случува на пет до седум години, а овојпат тоа се случи по само две години, од делимичното цветање во 2015 година.
Повеќе од 200 различни растенија процветаа во овој регион, а туристичките работници се надеваат дека и понатаму ќе се појавуваат нови затоа што различни семки различно никнуваат.