Проукраински партизани саботираа железници во Русија и на Крим

Atesh наведува дека дефектот е предизвикан со саботажа и предизвикал сериозни нарушувањња во трговијата, притоа многу забавувајќи ја војната логистика.

од desk2
18 прегледи

Проукраинската партизанска група Atesh објави дека ја саботирала железничката инфраструктура во рускиот град Волгоград и во Уварово на Крим, што е територија управувана од Русија откако беше преземена од украинската територија.

Според тврдењето на групата, нападот на Волгоград бил насочен на релејната склопика што овозможува комуникација и контрола на возовите во железничкото депо „Максим Горки“. Овој железнички јазол е клучно за снабдувањето на руските сили на југот и на истокот на Украина, вклучувајќи го превозот на опрема, гориво, персонал и оружје.

Atesh наведува дека дефектот е предизвикан со саботажа и предизвикал сериозни нарушувањња во трговијата, притоа многу забавувајќи ја војната логистика.

Волгоград се наоѓа на југозападот на русија, отприлика 390 километри од источната украинска граница.

Групата Atesh исто така тврди дека ја саботирала релејната склопка во регионот Ленин, близу населбата Уварово на Крикм.

Оштетен е дел од пругата што е директно поврзан со Кримски Мост, којшто е стратегиски важна сообраќајница што ги поврзува полуостровот со копното.

Слични содржини