Провала во куќа на уште еден играч на ПСЖ: Не бил само Ди Марија жртва

од Nikola Popovski
300 прегледи

Франција и Париз ги тресат скандали!

По веста дека Анхел ди Марија го напуштил натпреварот на Пари Сен Жермен затоа што во неговата куќа влегле крадци додека неговото семејство било внатре, сега се дознава дека тој не бил единствена цел на напад!

Тоа било случај со неговиот соиграч – Маркињос. Провален е и домот на родителите на бразилскиот фудбалер!

Француските медиуми јавуваат дека овој напад се случил за време на натпреварот ПСЖ – Нант. Ди Марија го напуштил тој натпревар кога бил информиран дека е извршен жесток упад во неговиот дом, но тоа не било случај со Маркињос.

Бразилецот останал на теренот до крајот на мечот, па многумина шпекулираат дали клубот воопшто знаел за овој настан.

Родителите на Маркињос се добро, според медиумите од Франција, но оваа серија напади само уште повеќе го прошири списокот на играчи на ПСЖ кои наидоа на такви непријатности…

Слични содржини