Списоците на граѓани од пакетот на мерки за финансиска поддршка за справување со енергетската криза треба да се најдат денеска на веб-страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Агенцијата за вработување.
Од денеска до наредните три дена ќе бидат објавени списоците со категориите на граѓани, а средствата кои им следуваат како антикризна помош ќе им бидат исплатени на 12 јануари.
Станува збор за корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Помош ќе добијат и корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.
Предвидена е и помош за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Линк до списоците: http://bitly.ws/yAjC