Бесплатната и на сите достапна физичка активност – трчањето – сепак не е толку едноставна. Имено, дури и со најздравите навики можно е да се прават грешки. Ако сте на самиот почеток, треба да обрнете внимание на неколку „стапици“ кои можат да предизвикаат болка или повреда.
За почеток, проверете дали ви одговараат патиките. Внимавајте да мерите од најдолгиот прст, а не од палецот, дали ви одговараат. Бидејќи многу луѓе претпоставуваат дека палецот им е најдолгиот прст, а тоа не е секогаш така, тие понекогаш купуваат чевли со погрешна големина.
„Идеална патика е онаа каде што имате малку простор за движење на прстите“, вели д-р Кејси Ен Пидич за PureWow.
Погрешните обувки можат да предизвикаат непријатност при трчање и воспаление на тетивата или фрактура на стапалото.
Но, најчестата грешка што ја прават почетниците е претерувањето. Very Well Fit предупредува дека неделната километража треба постепено да се зголемува за 10 отсто. Ако го зголемите растојанието побрзо од тоа, тоа е рецепт за болка што може да се претвори во повреда. На вашето тело му треба време да се прилагоди на новата рутина.
Покрај тоа, обезбедете си денови за одмор, така што вашето тело може да ја надомести изгубената сила и да продолжи да се движи со максимален капацитет.
Препорачливо е кога трчате, да ги држите рацете под агол од 90 степени и да ги движите напред- назад од рамениот зглоб, а не од лактите. Оваа позиција ќе ви помогне да трчате побрзо.