Провизијата за Мијалков преку сопственикот на „Радио Слободна Македонија“?!

од Vladimir Zorba
239 прегледи

НОВА ви претставува профил на „Влатко“ или личноста со која судијката од Управниот суд, Светлана Костовска договара што да стои како основ за да легнат парите од договорените провизии утврдени во разговорите со директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев.

21343golema1

Во транскриптите коишто опозицијата ги доставува до медиумите, „Влатко“ е напишан како Влатко Стајковиќ, а во еден од телефонските снимки помеѓу Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата, а со Влатко се договара со каква назнака би легнале истите.

foto zarko

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии има Миленко Неделковски…

Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС, но и прв газда и на скопската компанија „Финзи“, која денес под свое го има Нетпрес, еден од најгласните провладини медиуми.

Повеќе на НОВА на следниот линк.