Провокација од Тирана: Навивачи истакнаа карта на Голема Албанија

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Навивачите на албанската фудбалска репрезентација на натпреварот од Лигата на нации против Израел на трибините покрај картата на Голема Албанија закачија навредлива парола.

Имено, тие развиорија знаме инспирирано од познатата серија Симпсонови, во која ликот од серијата додека гледа телевизија носи бела капа на главата, кече, на која се гледа како водителот Кент Брокман чита вести.

Зад него стои знамето на Голема Албанија и натписот „Соединетите држави на Албанија“.

Дополнително, над знамето е објавен и стихот „Besa – besë, besën ta kam dhanë“, од песна што ја пееја озлогласените борци на ОВК под името „Besa – besë“, што грубо значи „Дадовме ветување“.

Израелците, инаку, славеа со 2:1.

Слични содржини