Во наредните две најмногу три недели веројатно ќе дојде до формирање на преодната влада. Не е спорно нјезиното формирање, туку формата и пазарењета што за тоа кој ќе добие , или за возврат што ќе се испорача како компромисот, избоксуван од меѓународната заедница
Ќе следува нов серијал на средби и разговори со меѓународните претставници во наредниот период , по кој се очекува да почнат најавените реформи и препакувања на изместениот ситем и општествен контекст на државата кандидат за ЕУ -Македонија, посочуваат експерти вклучени во процесот. Колку за старт почнува средувањето на јавниот сервис МРТВ, работата на регулаторот ААВМУ, СЈО и и принципот на работа на новата политичка влада на РМ
Прв во тој серијал во најава доаѓа директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон кој денеска во Скопје уште еднаш ќе ја утврдува спремонста и ситуацијата на теренот во врска со политичката криза.
Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Даниелсон синоќа се сретнал со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а претпладнево со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Тој денеска треба да се сретне и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА Никола Груевски и Мендух Тачи.
Даниелсон, според најавите, на средбите со политичките лидери во Македонија , како што велат дипломатски извори, ќе им ги разјасни очекувањата на администрацијата во Брисел.