Прстен на раката на Данијела Мартиновиќ: Дали пејачката е верена?

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Откако музичкиот пар Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ставија точка на дводецениската врска, тие одлучија да тргнат по својот пат.

Грашо ја пронајде среќата со Хана Хуљиќ, со која доби и дете, а Данијела од скоро е во врска со криминалниот инспектор Јосип Плавиќ.

Тие се запознале случајно, кога пејачката морала да ја контактира полицијата поради кражба на идентитет на интернет.

Како што пренесува „24сата.хр“, на раката на пејачката блеснал прстен, а многумина помислиле дека повторно се верила.

„Прстенот е подарок, но нема да откријам од кого е, нека биде тајна“, изјавила Данијела.

Врската со Јосип целосно ја исполнува.

„Има институции и правила, но секогаш постои личност, онаа, која ќе ни подаде рака и поради која животот ќе ни тргне во сосема друга насока. Навистина сум среќна, нема што да се додаде или одземе на тоа“, открила таа за хрватските медиуми.

Слични содржини