Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи брзо го пронашле и го уапсиле возачот Ж. М.(50) кој со автомобил БМВ удри три лица во населбата Жарково во Белград, се вели во соопштението.
Возачот бил пронајден во близина, поточно во населбата Беле Воде, а според српските медиуми давал отпор при апсењето.
„Брза помош ги пренела повредените во Ургентниот центар за понатамошно лекување. Возачот дал активен отпор и бил совладан и приведен од полицијата“, се вели во соопштението на МВР.
Се додава дека полицијата продолжува да работи во соработка со надлежното обвинителство на утврдување на сите факти и околности на овој настан.
Да потсетиме, 50-годишен возач удри три лица во Жарково кои се собираа да присуствуваат на денешните протести пред Народното собрание.
На видеото се гледа како возачот удира жена и без да застане ја носи на предниот дел од возилото.