Прв бежичен интернет на Куба

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Кубанските власти од синоќа одобрија бежичен интернет што е инаку, забранет во државата. Бежичниот интернет беше пуштен во Културниот центар во Хавана.

vedado-havana

Десетици млади луѓе секој ден доаѓаат во Културниот центар чија управа најави дека кубанската телекомуникациска мрежа Етекса одобрила бежичен интернет, но со строги правила на користење.

Куба е држава со најниска стапка на поврзаност со интернет каде може да се пристапи само преку фиксна телефонска линија и е со ограничувања. Кубанските власти ги оправдуваат тие ограничувања со оценка дека интернетот треба да биде во служба на општеството односно за школство и образование./МИА