Прв пат од мај: Кина пријави повеќе од илјада нови ковид случаи

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Кина пријави 1.012 нови случаи на коронавирус за 19 јули, од кои 150 се симптоматски и 862 асимптоматски, кои Кина ги евидентира одделно, соопшти денеска Државната здравствена комисија.

Ова е првпат бројот на новозаразени со ковид-19 да надмине 1.000 од 20 мај, пренесува „Ројтерс“.

Нема нови смртни случаи.

Главниот град, Пекинг, пријави еден нов локален симптоматски случај кој беше регистриран како асимптоматски ден претходно. Претходниот ден беа пријавени само асимптоматски случаи.

Мерките на Кина остануваат на сила и покрај релативно ниските стапки на инфекција.

Околу 264 милиони луѓе во 41 град во Кина се погодени од целосно или делумно заклучување или други епидемиолошки мерки, според анализата на јапонската финансиска куќа Номура од понеделникот, што е повеќе од 247,5 милиони во 31 град минатата недела, според британската агенција.

Слични содржини