Американските власти ја погубија Лиса Монтгомери, единствената жена во сојузниот затвор што чекаше да биде погубена, во средата рано наутро откако Врховниот суд ја отстрани последната пречка со која беше отфрлена одлуката на понискиот суд за одложување на извршувањето на смртната казна.
Нејзиното погубување беше прво извршено врз жена од 1953 година. Лиса Монтгомери (52) беше осудена во 2007 година во Мисури за киднапирање и убиство на Боби Џо Стинет, жена во осмиот месец од бременоста, чие бебе Монтгомери ѝ го отсече од матката. Детето преживеало.
Некои од роднините на жртвата биле на нејзино погубување, соопшти Министерството за правда. Погубувањето на Монгомери постојано беше одлагано, бидејќи одбраната тврдеше дека таа психички не е во можност да ја разбере причината за казната.
Нејзиниот адвокат, Кели Хенри, рече дека ниту една веродостојна личност не може да ја оспори нејзината долгорочна ментална болест, која ја лекувале затворските лекари.
Егзекуцијата е извршена во затвор Terre Haute во сојузната држава Индијана.
Адвокатскиот тим на Лиза Монтгомери побара помилување поради фактот дека таа го сторила злосторството по детството во кое била злоставувана и жртва на непрекинато силување од нејзиниот очув и неговите пријатели и побара смртната казна да биде заменета со доживотен затвор.