Прв политички саем на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
122 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ, денеска и утре во Скопје организира политички саем за отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.

Како што соопштија од партијата, слоганот под кој ќе се одвива настанот е „Саем на промените што носат иднина”, а ќе го отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На саемот покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците, предвидени се и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата, како и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и реформските процеси.

Слични содржини