245
Претседателот на Државната изборна комисија – ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција на комисијата одржана во 9.30 часот ги соопшти податоци за излезноста до 9 часот.
Излезноста на првиот круг претседателски избори е 3,85%, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција.
Од вкупно 1.814.317 избирачи, од отворањето на гласачките места, до 9 часот гласале 25.744 гласачи.
На прашање на странски новинар дали излезноста до 9 часот поголема или помала во однос на претходниот прв круг од минатите претседателски избори, Даштевски немаше одговор.