Прв случај на коронавирус во Северна Кореја

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Прогласен е целосен карантин во градот Каесонг во Северна Кореја, откако едно лице за кое постои сомнение дека е заразено со коронавирус нелегално ја преминал границата, изјави водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Ова е прв пат Северна Кореја да објави постоење на коронавирус на нејзината територија од почетокот на глобалната пандемија.

Ким Јонг-ун свика анти-епидемиолошки состанок со цел „да преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Каесонг и изолирање на секоја одделна област од другите од 24 јули“, според државната новинска агенција КЦНА.

Властите ќе се обидат да ги пронајдат сите контакти со кои пациентот имал контакти во последните пет дена.