Прв случај во Македонија: 26-годишен пациент е заразен со флурон

од Берта Китинска
539 прегледи

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон – комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот кај 26-годишен пациент од општина Зајас.

– Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција ковид – 19/инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика, известуваат од Министерството.

Слични содржини