НАСА објави ново видео со најдеталните до моментов слики од површината на Плутон.
Сликите со висока резолуција се направени од сондата Нови хоризонти, која помина крај Плутон на 14 јули минатата година. Од оддалеченост од близу 16 илјади километри вселенскиот апарат сними кратер, висорамнина, карпи и рамнини од азотен мраз.