ПРВ ТРАНСФЕР ВО ИСТОРИЈАТА СО КРИПТОВАЛУТИ: Шпански третолигаш купија играч со Биткоин

од Stefanija Kuzmanovska

Трансферот на Давид Барал (37) со третолигашот „ДУКС Интернационал де Мадрид“ стана уникатен во светот на фудбалот.

Поранешниот напаѓач на вториот тим на Реал Мадрид стана првиот фудбалер во историјата чии услуги биле платени во популарната криптовалута Биткоин.

– Добредојде во нашиот клуб. Тој стана првиот играч во историјата платен во криптовалута – беше наведено во соопштението на тимот, кој наскоро ќе се вика Интер Мадрид.

Се огласи и фудбалерот кој играше повеќе од 50 натпревари за Б тимот на Реал, но не успеа да се пробие во првиот тим, па кариерата ја продолжи во Хихон. Играше и за Леванте и Сантандер.

– Драго ми е што се вклучив во овој проект, што ќе ми овозможи да продолжам да се натпреварувам и да ги остварувам своите амбиции – рече Барал.

Висината на трансферот сè уште не е позната, како и дали властите во Шпанија му дале валидност на потписот на Барал поради начинот на кој е платен.

Вредноста на Биткоинот варира многу, а деновиве е помеѓу 30.000 и 35.000 евра.

Инаку, еден од сопствениците на клубот е голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Слични содржини