Прва доброволна абдикација на монарх во Данска во последните 900 години

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Данската кралица Маргарета Втора, најдолготрајниот монарх во Европа, ќе абдицира на свечена церемонија на 14 јануари и ќе му ја предаде круната на својот син Фредерик, точно 52 години откако таа самата беше крунисана.

Маргарета (83) во својот новогодишен говор ја најави абдикацијата и ја закажа за 14 јануари, датумот кога таа самата ја презеде круната по смртта на нејзиниот татко во 1972 година.

Веста одекна затоа што во Данска во последните 900 години ниту еден монарх доброволно не се откажал од круната.

„Следниот 14 јануари 2024 година, 52 години откако го наследив мојот сакан татко, ќе се повлечам од должноста кралица на Данска. Ќе му го предадам тронот на мојот син, престолонаследникот Фредерик“, рече Маргарета во обраќањето до јавноста.

Во јавноста сепак се шпекулираше за можноста за ваков потег поради нејзиното нарушено здравје. Таа беше подложена на тешка операција на грбот минатата година и се врати на јавните обврски дури во април.

Слични содржини