Прва реакција од Фудбалскиот сојуз на Србија за казните на УЕФА и суспензијата на Даку

од Nikola Popovski
387 прегледи

По казната за Мирлинд Даку, репрезентативецот на Албанија, кој беше суспендиран на два натпревари поради навреда на Македонците и Србите по натпреварот од групната фаза на ЕУРО 2024 против Хрватска, стигна реакцијата на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Од ФСС соопштија дека „ќе имаат официјален став во врска со казните кога ќе заврши целосната истрага“, како и „кога УЕФА ќе донесе конечни одлуки за сите точки од истрагата, во однос на жалбата, односно кога ФСС ќе биде официјално информиран за тоа“.

Потсетуваме дека по натпреварот кој заврши 2:2, Даку зеде мегафон и заедно со навивачите на Албанија ги навреди Македонците и Србите.

За ова е казнет со два меча суспензија:

„Дисциплинската комисија го суспендираше играчот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Мирлинд Даку, на вкупно два (2) натпревари од репрезентативното тимско натпреварување на УЕФА, за кои инаку би имал право на настап, поради непочитување на општ принципи на однесување и за кршење на основните правила на пристојно однесување, како на пример користење спортски настани за манифестации со неспортски карактер“, се вели во пораката на УЕФА.

Тој ќе го пропушти третиот натпревар од групната фаза против Шпанија, а во случај Албанија да обезбеди понатамошен пласман, нема да му биде на располагање на селекторот Силвињо за потенцијалниот осминафинален натпревар.

Исто така, поради недолично однесување на навивачите, Фудбалскиот сојуз на Хрватска е казнет со 28.000 евра, а ФС на Албанија со 47.500 евра.

Слични содржини