Прва средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција во Њујорк

од Nikola Popovski
186 прегледи

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари билатерална средба со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„На маргините на Генералното собрание, г-дин Герапетротис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Северна Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија“, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.

Во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, Муцунски и Герапетритис денеска ќе учествуваат и на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“.

Денешната средба ќе биде прва меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција.

Слични содржини