Прва земја на светот којa од март 2020 ќе има бесплатен јавен превоз

од Aleksandar Petrovski
318 прегледи

Луксембург е прва земја на светот која ќе воведе бесплатен градски превоз. Од 1 март 2020 година патниците во Луксембург повеќе не ќе мораат да купуваат карти за возење во автобусите и возовите.

Концептот на одржлив транспорт наремен „Моду 2.0“ заснован е на преминување на автобуси и возови, пренесуваат странските медиуми. Само картите за прва класа и натаму ќе се наплатуваат.

-Ова наголемо ќе допринесе за имиџот и атрактивноста на Луксембург, изјави премиерот на таа земја Ксавиер Бетел.

Според пишувањето на медиумите, ова не е само подарок за жителите на Луксембург и туристите, туку и економско решение. За изминатите 20 години граѓаните на втората најмала земја во ЕУ се зголемиле за третина, а половина жители се странци.

Покрај тоа околу 200.000 луѓе од Франција, Белгија и Германија секојдневно работат во Луксембург што е зголемување за 140 отсто во однос на 2000 година.

Се очекува голем број на возачи да преминат на јавен транспорт кога тој ќе биде бесплатен, но исто така сакаат да го зголемат бројот на паркинг места „паркирај и вози“ до 2025 година. Луксембург на сево ова ќе потроши 41 милион евра.

Слични содржини