Прва жена во историјата: Кои се првите чекори на американската секретарка за финансии?

од Nikola Popovski
303 прегледи

Со убедливо мнозинство гласови во Сенатот, Џенет Јелен е потврдена како прва жена секретар за финансии во американската историја.

Таа веднаш започна соработка со Конгресот во врска со пакетот помош за погодените од коронавирус, разгледувањето на американската политика за санкции и јакнење на финансиската регулатива.

Сенатот гласаше со 84 гласа „за“ и 15 „против“ во корист на Јелен, а сите кои гласале против неа се од редовите на републиканците, каде неколкумина сенатори изразиле загриженост поради планот на претседателот Џо Бајден околу пакетот помош за погодените од пандемијата во вредност од 1,9 илјади милијарди долари, како и плановите кои се однесуваат на даноците и потрошувачката.

Лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер изјави дека Јелен вторпат влегувал во историјата на САД, седум години откако стана прва жена на чело на американските Федерални резерви.

Јелен ќе има клучна улога во соработка со Конгресот за спроведување на планот на Бајден за финансиска помош за погодените од коронавирус, и неговите ветувања дека ќе вложи 2.000 милијарди долари во инфраструктурата, проекти за зелената енергија и истражувања за зајакнување на конкурентноста на американските компании.

Јелен стапува на оваа функција на местото на нејзиниот републикански претходник Стивен Мнучин

Таа е економист по професија и предавала на Универзитетот Калифорнија во Беркли, а ќе ја претставува администрацијата на Бајден во глобалните финансиски прашања. Јелен ќе го предводи големиот секретаријат во чија должност спаѓа контрола на работата на даночната служба, носење политика за регулатива на банките и одржување контакти меѓу администрацијата и Волстрит.

Слични содржини