Жена од Кина стана првата личност која почина од H3N8 сојот на птичји грип.
Таа стана првата личност која починала од вид на птичји грип кој е редок кај луѓето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), но се чини дека сојот не се шири меѓу луѓето.
56-годишната жена од јужната провинција Гуангдонг е третата личност за која е познато дека е заразена со подтипот на птичји грип H3N8, се вели во соопштението на СЗО доцна во вторникот.
Сите случаи се во Кина, а првите два случаја се пријавени минатата година. Центарот за контрола и превенција на болести во провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец објави трета инфекција, но не даде детали за смртта на жената. Пациентката имала повеќе симптоми, соопшти СЗО, и историја на изложеност на живина.
Спорадичните човечки инфекции со птичји грип се чести во Кина каде вирусите на птичјиот грип постојано циркулираат кај голема популација на живина и диви птици.
The World Health Organization has confirmed the first death from the H3N8 bird flu in China. pic.twitter.com/ap3zvTZXNB
— Pop Tingz (@ThePopTingz) April 12, 2023
СЗО соопшти дека примероците собрани од пазарот кој жената го посетила пред да се разболи биле позитивни на грипот A(H3), што укажува на тоа дека можеби тоа е изворот на инфекцијата.
Иако е редок кај луѓето, H3N8 е честа појава кај птиците каде што предизвикува мали или никакви знаци на болест. Не се пронајдени други случаи меѓу блиските контакти на заразената жена, соопшти СЗО.
„Врз основа на достапните информации, се чини дека овој вирус нема способност лесно да се шири од човек на човек и затоа ризикот од негово ширење меѓу луѓето на национално, регионално и меѓународно ниво се смета за низок“, се вели во соопштението.
Следењето на сите вируси на птичји грип се смета за важно со оглед на нивната способност да еволуираат и да предизвикаат пандемија, пишува Mondo.