Првата дама Елизабета во темнозелена креација на 61-то издание на „Охридско лето“

од Берта Китинска
434 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски во придружба на својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска беа дел од отворањето на 61-то издание на манифестацијата.

Сопругата на претседателот носеше  темнозелен фустан кој одлично ѝ прилега.

„Убавината е извор на надежта за подобар свет“, рече во синоќешниот говор претседателот  Пендаровски , кој како покровител на фестивалот „ Охридско лето“, го отвори неговоро 61 издание.

До 20 август, на „Охридско лето“ ќе има 34 концерти и шест театарски претстави, во кои ќе учествуваат над 500 уметници од 18 земји.