Првата дама на Украина побара повеќе оружје пред американскиот Конгрес

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, која престојува во САД, денеска во обраќање пред американскиот Конгрес апелираше за испорака на повеќе оружје за Украина за борба против руската инвазија.

„Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена“, рече Зеленска.

„Ве молам за повеќе оружје…за да ги заштитите домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете ни и заедно ќе извојуваме голема победа“, рече таа во говорот пред американските членови на Конгресот кои застана да и аплаудира.

Заедно со својот говор, Зеленска покажа слики од деца кои биле убиени или ранети за време на руската инвазија на нејзината земја.

Таа, меѓу другите, ја спомена Лиза Дмитриева, четиригодишно девојче со Даунов синдром, кое беше убиено во руски напад во четвртокот.

Вашингтон испрати воена опрема вредна речиси седум милијарди долари во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Пентагон неодамна го снабди Киев со артилериски системи ХИМАРС со дострел од 80 километри, дозволувајќи и на украинската војска да нападне руски цели кои претходно беа надвор од дострелот.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников вчера побара дополнителни системи ХИМАРС, наведувајќи дека тие можат да го променат текот на војната и да овозможат контраофанзива против руските војници.

Првата дама на Украина, Зеленска вчера во Белата куќа разговараше со првата дама на САД, Џил Бајден, на средба на која не беа поканети медиумите.

Слични содржини