Украинците се во „смртна опасност“ ако бидат оставени да умрат, а западните земји не продолжат со финансиска поддршка, предупреди првата дама на Украина, Олена Зеленска, во интервју за Би-Би-Си.
Првата дама на Украина разговарала еден ден откако републиканските сенатори во САД го блокираа клучниот закон за помош.
Пакетот помош требаше да ѝ обезбеди на Украина поддршка во вредност од повеќе од 60 милијарди долари (47,8 милијарди фунти).
„Ако светот се измори, тие само ќе не остават да умреме“, рекла таа.
Претседателот на САД, Џо Бајден истакна дека неуспехот да се договорат за помош на Украина ќе биде „подарок“ за претседателот на Русија, Владимир Путин, предупредувајќи дека историјата „строго ќе им суди на оние кои го свртеа грбот на каузата за слобода“.
Во ексклузивното интервју што ќе биде емитувано денеска, Олена Зеленска изјавила дека забавувањето на помошта е „смртна опасност“ за нејзината земја.
„Навистина ни треба помош. Со едноставни зборови, не можеме да се замориме од оваа ситуација, бидејќи ако го направиме тоа, ќе умреме. И ако светот се измори, тие едноставно ќе не остават да умреме“.
Првата дама продолжила: „Многу нè боли кога гледаме знаци дека страсната подготвеност да помогнеме можеби исчезнува. Тоа е витално прашање за нас. Затоа, боли да го гледаме ова“.
И Велика Британија ги повикува политичарите во Вашингтон да се договорат за Украина.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон за време на неговата посета на Вашингтон оваа недела рече дека САД се „автомобилот“ на западната коалиција што ја поддржува борбата на Украина против Русија.
Тој ги повика САД да не му даваат на Путин „божиќен подарок“ со блокирање на милијарди долари финансиска поддршка потребни за продолжување на војната против руските сили.
-Нема сомнеж дека односот на меѓународната заедница кон Украина е променет, пишува Би-Би-Си.
Целосната поддршка во Вашингтон не може да се гарантира, а сепак основите на конфликтот не се поместени.
Украина го изненади светот кога нејзините вооружени сили спречија преземање на земјата во февруари 2022 година. Многу западни земји пак ги изненадија со ентузијастичката поддршка. Сепак, Украина не може да продолжи по истиот пат без помош и поддршка од други земји.