Ким Кардашијан ја сподели првата фотографија од 5-недели старата Чикаго Вест. Таа е третото дете на Ким и Кание Вест и како што веќе разбравме е именувана по родниот град на раперот. Според тетката на бебето, Клои Кардашијан, нејзиното кратко име ќе биде Шај (срамежлива).
Чикаго е родена преку сурогат мајка во јануари поради здравствените проблеми на 36-годишната Ким, но ѕвездата се уште тврди дека направила моментална врска со неа.
„Секако дека е различно од претходните времиња, но секој што мисли дека е лесно, сосема греши. Луѓето сугерираат дека, бидејќи не мора да се занимавате со физички промени, болки и компликации после породувањето, лесно е. Но, ми беше тешко да не го носам моето дете, дури и повеќе откако го носев Норт и Сеинт“, пишува Ким.