Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информираше дека претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1-2 јули, во Охрид и Отешево.
Тој најави дека околу триста учесници од целиот регион и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на Првата меѓународната конференција во рамките .
Конференцијата официјално ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници ќе бидат поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција Метју Нимиц, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ Ален Ле Роа, еврокомесарот Јоханес Хан.
„Преспа- форумот за дијалог е платформа за нашата приказна и гласно да зборува во целиот свет, а целта е промоција на демократскиот дијалог низ примерите на Охридскиот рамковен договор, кој годинава слави 20-годишнина, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои не се конечни решенија, туку се рамка за уредување на одредени прашања кои понатаму се прилагодуваат на тековните случувања“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција.