206
Владата на седница попладнево го одобри предлогот на француското претседателство.
Премиерот Димитар Ковачевски најави дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи веќе во вторник на 19 јули во Брисел.
„Денес ја имам честа да го најавам датумот за првата меѓувладина конференција која треба да се одржи на 19 јули во Брисел. Потоа, Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија во Брисел со полн капацитет, пристап кон фондови, знаења, вистински принципи и најважно, вредности кон кои се стремиме и ги посакуваме и сето тоа врз основа на нашата национална и државна засебноста, историја и идентитет кој ќе се гледа во сите европски центри“, рече премиерот повикувајќи на заедништво.