Во Словенија веќе петти ден беснеат пожари, особено регионот на границата со Италија. Во моментов се активни три пожари, а пожарот поради ветерот повторно се проширил од правец на Италија. Пожарот го гаснат 1.000 пожарникари, а словенечката армија досега испуштила 900.000 литри вода за гаснење на пожарот. Во Италија припадничка на цивилната одбрана загина додека правела увид на опожарените места.
Пожарот на Крас се уште беснее, но пожарникарите сепак успеале да ги спасат сите куќи. Со пожарот се борат 1.100 луѓе и неколку хеликоптери, меѓу кои три хеликоптери на словенечката армија, полициски хеликоптер како и два испратени од Австрија и Словачка.
Пожарникарите од Порече денеска предупредија дека пожарот предизвикал ширење на големи количини чад. Тие ги замолија сограѓаните, особено постарите и болните, да бидат трпеливи и да не излегуваат непотребно надвор.
Letalska policijska enota že četrti dan pomaga 🚒 v boju s 🔥 na Krasu. Razmere so vsak dan bolj zahtevne. Novega 🚁 z vzdevkom Julka praktično ne ugašamo. pic.twitter.com/BGz7I70527
— policija_si (@policija_si) July 21, 2022
Пожарот кој пред два дена се прошири од Италија синоќа беше ставен под контрола, но ситуацијата повторно стана многу сериозна. Од трите села во подрчјето на пожарот, каде живеат околу 400 жители, одлуката на цивилната заштита одлучи да се евакуираат, иако пожарот се уште е доста далеку од самите населени места, но областа е опасна по живот бидејќи е опкружен со густ чад. За тоа сведочат драматичните приказни на мештаните кои ситуацијата ја опишуваат како „очајна“ додека заедно со пожарникарите се обидуваат да спасат „што може да се спаси“.
Борбата со пожарите на терен е отежната поради многуте мини останати од Првата светска војна, а досега се отстранети десетици различни експлозивни направи. Најголемата била германска мина со калибар 250 милиметри со дури 42 килограми експлозив.
Во гаснењето учествуваат и шумарите со оглед на тоа што добро го познаваат теренот.
Командантот на Цивилната заштита, Сречко Шестан изјави за N1 дека 500 пожарникари ќе останат на местото на настанот во текот на ноќта.
„Ситуацијата се подобрува, ветерот малку престана, така што ситуацијата е малку подобра“, додаде тој.
Gašenje na terenu ovirajo številna neesplodirana ubojna sredstva iz 1. sv. vojne. Za varno odstranje skrbi državna enota pod okriljem @URS_ZR.
Poveljnik državne enote za varstvo pred NUS Darko Zonič opozarja, da je težava tudi pregrevanje terena, eksplozije so bile tudi ponoči. pic.twitter.com/cy22Yig0T8— Ministrstvo za obrambo RS (@MO_RS) July 21, 2022
Еврокомесарот Јанез Ленарчиќ им се заблагодари на Хрватска, Австрија и Словачка за помошта.
„Словенија се соочува со еден од најголемите пожари во нејзината историја. Искажувам искрена благодарност до Хрватска, Австрија и Словачка. Длабоко ја ценам нивната помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за Словенија, мојата татковина. Ова е солидарност на Европската унија во акција“, изјави Јанез Ленарчич, европски комесар за управување со кризи.