Први фотографии од тешката сообраќајка кај Ужице: Загинаа баба, дедо и внука (9), девојче (11) се бори за живот

од Vladimir Zorba
587 прегледи

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ужице – Златибор, на Ложионскиот мост во Ужице, утринава околу 8 часот загинаа сопружниците Драгослав С.(65) и Зорица С.(66), а на повредите во болницата во Ужице им подлегна и деветгодишно девојче, соопшти Нова.рс.

Уште едно девојче (11) исто така со тешки повреди е пренесено во болницата во Ужице, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

Припадниците на противпожарната служба интервенирале на лице место и ги извлекле телата на настраданите.

Според првите информации, до несреќата дошло кога Драгослав С. излегол од колоната од правец на Златибор и преминал на спротивната страна, кога со автомобил „шевролет“ влетал директно под цистерна што се движела од правец на Пожега.

Слични содржини