Опозициската конзервативна Унија (ЦДУ/ЦСУ) освои најмногу гласови на денешните парламентарни избори во Германија, што покажува дека нејзиниот лидер Фридрих Мерц најверојатно ќе стане нов канцелар. Во исто време, десничарската Алтернатива за Германија (AfD) го постигна својот најдобар резултат досега, заземајќи го второто место со 19,5% од гласовите, што е значително зголемување од претходните избори.
Лидерите на десничарската партија го прославија историскиот резултат на партијата во своето седиште и брзо испратија јасна порака.
Партискиот копретседател Тино Крупала вели дека е „многу горд на партијата“.
„Бевме обединети, нашата кампања беше фокусирана и бевме дисциплинирани“, рече тој, стоејќи до копретседателката Алис Вајдел.
„Ние навистина можеме да донесеме епохални промени“, додаде тој, нагласувајќи дека тие се „секогаш отворени за преговори“.
„Ја добивме довербата на гласачите и тоа е нешто што треба да го прифатат и сите други“, додаде Крупала.
Да потсетиме дека другите партии беа експлицитни дека нема да коалицираат со АфД. Сепак, Крупала вели дека неговата партија „доби мандат да спроведе политички промени“.