Први рендери и фотографии на Huawei Nova 4

од Vlatko K
155 прегледи

Првиот рендер на Huawei Nova 4 се појави во интернет просторот, врз основа на она што е познато
за уредот. Пред неколку дена, кинеската компанија го пушти првиот тизер за уредот кој ќе понуди
дисплеј Innity-O.


Оваа недела, исто така, видовме вистинска снимка на прототип на телефон кој
откри дека ќе понуди 3,5 милиметарски приклучок. Во меѓувреме, уредот исто така се појави во
кинеско шоу, што ја потврди достапноста на иновативниот дизајн.

Новите фотографии и снимки ги потврдуваат претходно непознатите факти за Nova 4, кој
најверојатно ќе биде објавен во декември. Телефонот ќе има дисплеј со речиси непостоечки рамки,
а камерата за селфи е сместена во мала дупка во горниот лев дел од екранот.

Од Huawei се очекува да го користи својот сегашен чипсет Kirin 980, а корисниците исто така ќе
добијат тројна главна камера. Задната страна најверојатно ќе биде од стакло и ќе има градиент
боја слична на Huawei P20 Pro.