Први септември: Ќе има различно време за влез и излез, дежурни наставници и редарска служба

од Берта Китинска
347 прегледи

На само два дена пред стартот на новата учебна година наставниците и училиштата забрзано се подготвуваат за постапување по протоколите за настава со физичко присуство. Властите смируваат дека нема потреба од паника бидејќи начинот на наставата ќе може во секој момент да се смени во согласност епидемиолошката состојба.

Основните училишта стартуваат со полн капацитет

Од општина Карпош во изјава за „Локално“ велат дека основните училишта стартуваат во новата учебна година со полн капацитет, со физичко присуство за сите одделенија.

-Општината веќе спроведе целосна дезинфекција во сите десет основни училишта на своја територија. Ќе се почитува Протоколот пропишан од Комисијата за заразни болести и планот за организација на наставата. Уште првиот ден учениците ќе бидат запознаени со упатствата за безбедност при наставата, со пропишани насоки за движење, со начинот на користење тоалети, со посочени влезови и излези во училиштето. Ќе има различно време за влез и излез (според распоред) на секое одделение, дежурни наставници, а на влезот ќе им се мери температура која не смее да надминие 37,3 степени. Над тоа децата се враќаат дома, велат од општината, додавајќи дека е обезбедена и целодневна настава и продолжен престој, а во училиштата ќе има и редарска служба .

-Забранет е влез во училиштата на родителите, освен оние кои имаат деца со посебни образовни потреби. На повеќе места ќе има средства за дезинфекција, а по завршување на часот и пред влегување на друго одделение клупите ќе бидат поминати со средство за дезинфекција. Нема да биде дозволено мешање на ученици, објаснуваат од Карпош.

Протоколот не е врзан со бројот на ученици

Од општината напоменуваат дека училиштата ќе работата по веќе изработено календар за организација и работа.

-Според него учебната година започнува на 1 септември 2021, а завршува наставната на 9 јуни 2022, а учебната на 31 август 2022. Часот ќе трае 40 минути, големиот одмор 15-20 минути, а меѓу часовите одморите ќе бидат по 5 минути, колку да прејдат од една во друга училница. Децата, доколку е убаво времето одморот ќе го користат во училишниот двор и не ќе биде дозволено излегување надвор од дворот на училиштето,Протоколот не е врзан со бројот на ученици, односно класовите може да имаат од 20 до 30 ученици, како што е дозволено со Законот за основно образование и нема потреба од ангажирање дополнителн кадар, но не смее да има мешање на одделенија, додаваат од општината.

Годинава онлајн настава ќе може да следат деца со ретки болести, односно сите кои имаат медицински причини кои имаат потврда од матичен лекар ( со севкупна документација) воедно и учениците кои ќе бидат позитивни или имаат некој челн од семејството во самоизолација ќе може да се вклучуваат на часот онлајн во исто време и ја следат наставата како и другите.

Слични содржини