Први снимки од силниот земјотрес во Еквадор: Луѓето панично бегаат, зградите се уриваат (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska

Силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Еквадор нешто по 18 часот, а на социјалните мрежи веќе се шират драматични снимки од овој земјотрес.

На видеата се гледа како луѓето во паника трчаат по улиците веднаш по силниот земјотрес што го погоди јужноамериканскиот брег.

Оние кои биле во продавниците снимиле на камери како бегаат од зградата, а на видеата се гледа дека полиците во продавниците се целосно превртени.

Се појавија и видеа на кои се гледаат срушени делови од згради и уништени автомобили.

Засега нема официјални информации за материјална штета и повредени.

Да потсетиме, силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на брегот на Еквадор.

Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 80 километри околу 18:12 часот.

Епицентарот бил на околу 60 километри северно од Мачала и на околу 20 километри северозападно од Наранџал, Еквадор.

Слични содржини