Најмалку 40 лица се повредени во силниот земјотрес во северниот дел на Перу во петокот, објавија локалните здравствени власти.
Болницата во градот Сулани објави дека три лица се тешко повредени, меѓу кои една бремена жена, а неколку десетици луѓе се полесно повредени.
„Епицентарот на земјотресот, со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, беше на 12 километри западно од Сулана во регионот Пиура на длабочина од 36 километри“, соопшти Сеизмолошкиот центар во Перу.
Агенцијата за цивилна заштита објави дека 187 куќи се оштетени, а во шест веќе не може да се живее.
#Peru | A 6.1-magnitude earthquake at a depth of 36 km was recorded in the Piura region on Friday. pic.twitter.com/dunbj4dPfE
— teleSUR English (@telesurenglish) July 30, 2021
Потресите беа почувствувани во голем дел од регионот, како и во соседен Еквадор.
Оштетена е и катедралата во главниот град на провинцијата Пиури.
A chandelier shop is definitely not somewhere you want to be during 6.1 magnitude earthquake (Peru) pic.twitter.com/CfqMHO1Ev4
— Borzou Daragahi 🖊🗒 (@borzou) July 30, 2021
Пријавени се и неколку свлечишта во округот Колан на брегот на Пацификот.
„Претседателот Педро Кстилп ја напушти воената парада одржана во Лима по повод 200 -годишнината од Декларацијата за независност и отпатува во Пиура“, соопшти неговиот кабинет.
🇵🇪#PERÚ🚨#ÚLTIMAHORA | Daños en La Catedral de Piura tras el #sismo de magnitud 6,1.
🎥Video: @jesus_vilela#Earthquake #terremoto #temblor pic.twitter.com/pdpgb4wTrZ
— Rochex R. Robinson Bonilla (@RochexRB27) July 30, 2021
Брегот на Перу во неколку наврати беше погоден од силен земјотрес бидејќи лежи на Пацифичкиот огнен прстен, област обележана со сеизмички земјотреси со околу 128 активни вулкани.