Први во Европа: Молдавија доби вакцини од „Ковакс“

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Молдавија е прва европска земја што прими вакцини за коронавирус од глобалната програма Ковакс, објави претседателката на таа земја, Маја Санду.

Таа на Твитер напиша дека првата транша од 14.000 дози вакцини пристигнала во Молдавија синоќа, пренесува Ројтерс.

Во Молдавија, имунизацијата започна пред три дена со вакцините „АстраЗенека“, донирани од Романија на таа земја.

Слични содржини