Делта варијантата на коронавирусот е повеќе заразна од претходните, а прашањето што многумина сега го поставуваат е – дали симптомите на инфекцијата се промениле?
„Меѓутоа, се чини дека постојат некои разлики во симптомите во споредба со претходните варијанти“, вели професорката за итна медицина на Универзитетот Јеил, д -р Карен Џубанџик.
Првите знаци на инфекција на делта
Кога станува збор за инфекција со делта сојот на коронавирусот, докторката вели дека заразените со овој вид најчесто се жалат на следните симптоми: главоболка, болки во грлото, затнат нос или течење на носот, треска и малаксаност.
“Честопати не гледаме губење на вкус или мирис, што беше релативно чест симптом во претходните варијанти. Исто така, помалку пациенти заразени со делта имаат посериозна кашлица”, истакнува таа.
Младите страдаат
„Кај малдите здарви луѓе вирусот воопшто нема симптоми“, вели професорката.
„Тоа е тајната за успехот на ширењето на вирусот особено кај младите и здравите луѓе, имаат асимптоматска болест, не се тестирани или изолирани, а потоа го шират вирусот“.
Таа посочува дека секој што има треска, кашлица, отежнато дишење, замор, малаксаност, главоболка, губење на вкус или мирис, болки во грлото, затнат нос или течење на носот, гадење или повраќање, дијареа, треба да се тестира.
Дали делтата е различна?
Тешко е да се каже дали делта сојот е навистина различна, повеќе или помалку опасна во однос на претходните варијанти, бидејќи вакцините влијаеле на тоа кој ќе се разболи и има посериозни симптоми.